Странски банки
ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст.
Прогнозата за економскиот раст на Македонија е помала од просекот за балканскиот регион која останува на 3,2 % раст. Македонија така според ЕБOР ќе има најмал економски раст од сите држави кои произлегоа од поранешна Југославија.
Според банката, намалувањето се должи пред се на последиците на војната во Украина поради која се намали увозот на гас, но се зголеми увозот на скапа електрична енергија. Растот според ЕБOР го движат бруто инвестициите и потрошувачката која е зголемена за 4 % по зголемувањето на минималната плата во април.
„Инфлацијата достигна 16,8 проценти во август годинава, најмногу придвижена од поскапувањето на храната и на енергијата”, констатира ЕБOР во извештајот.
Извозот е зголемен за 20% во првите седум месеци годинава, но увозот пораснал за 27 отсто особено поради зголемениот увоз на електрична енергија.
Според банката, анти-ковид политиката на Кина го намалува извозот на ЕУ и може да предизвика ефекти и врз македонската автомобилска индустрија, сместена во слободните економски зони пред се во Скопје, Штип и Битола.
ЕБOР направи корекција и за наредната година, па за 2023-тата се прогнозира економски раст од само 2,3% за Македонија.
Странски банки
Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)
Странски банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)
Странски банки
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје