Connect with us

Странски банки

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија на четири проценти

Објавено

на

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Република Северна Македонија за оваа година на четири проценти. Тоа е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020 година.

За 2022 година исто така проекцијата за раст на БДП е четири проценти.

„Во 2020 година, БДП се намали за 4,5 проценти на годишно ниво, како резултат на двоцифрениот пад на инвестициите и извозот, како и на падот од шест проценти на приватната потрошувачка. Овие намалувања беа донекаде урамнотежени со зголемувањето на владината потрошувачка која бележи раст од 10 проценти”, стои во Извештајот на ЕБОР.

Се додава и дека индустриското производство се намали за 10 проценти, а секторот трговија, транспорт и сместување за осум отсто.

ЕБОР забалежува и дека беа спроведени низа пакети помош, фокусирани на поддршка на ликвидноста на погодените бизниси, заштита на работните места и поддршка на најранливите групи на население преку субвенции, одложувања на данок на доход, обезбедување заеми по поволни услови и гаранции и секторска специфична поддршка.

Во првите четири месеци од 2021 година, индустријата порасна помалку од четири проценти на годишно ниво, но продажбата на мало и извозот се зголемија над 20 и 40 проценти на годишно ниво.

„Делумно закрепнување се очекува во 2021 година, со реален раст на БДП од четири проценти како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на Владата. Интензитетот на растот се очекува да продолжи во 2022 година со четири проценти како резултат на продолжувањето на приватните инвестиции. Сепак, предвидувањата се неизвесни. Ризиците има пред се во брзината на враќање на надворешната побарувачка и во способноста на Владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата”, се наведува во Извештајот.

Од земјите во регионот, проекцијата за Србија годинава е шест проценти, за Албанија 4,5, за БиХ 3,5, за Косово 4 и за Црна Гора 8,5 отсто.

Странски банки

Светска банка го откажа извештајот Doing Business поради „местење“ на рангирањето

Објавено

на

Светската банка го откажа објавувањето на извештајот за регулативата за водењето бизнис во земјите ширум светот откако истрагата открила „непримерен притисок“ на челниците при составување на табелата и спорниот пласман на Кина но и на Саудиска Арабија, Обедиенетите Арапски Емирати и Азербејџан. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Србија издаде “зелена обврзница” на износ од една милијарда евра за прв пат во својата историја

Објавено

на

Со издавањето на зелената обврзница, Србија во четвртокот стана една од ретките европски земји и единствена европска земја надвор од Европската унија што издаде зелен инструмент, објави Народната банка на Србија, наведувајќи дека Србија реализирала две емисии на меѓународниот финансиски пазар.Еврообврзница во евра (двојна транша). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

(ВИДЕО) Германската централна банка пере пари во вистинска смисла на зборот!?

Објавено

на

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Бундесбанк, ги пере во вистинска смисла на зборат. (more…)

Продолжи со читање



Популарно