Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо.
Станува збор за дополнителни пари покрај двете милијарди евра од „пакетот за одржливост”, што го започна Банката на почетокот на руската инвазија врз Украина.
Донаторите изразија намера да обезбедат една милијарда евра на банката како одговор на војната во Украина, според изјавата на Рено-Басо во мароканскиот град Маракеш.
Неделава, ЕБОР прогнозира за намалување на 30 проценти на украинската економија годинава, што е повеќе од претходните проценки.
Украина проценува оти потребни се околу пет милијарди долари месечно само за да си го покрие буџетскиот дефицит.
Земјата сака донаторите да се фокусираат и на нејзиното идно закрепнување.
Во видеообраќање кон ЕБОР вчера, министерот за финансии на Украина, Сергеј Марченко ги повика меѓународните донатори да „ја зголемат максимално” поддршката за неговата земја.
Според него, Киев може да покрие само околу 62 проценти од примарните буџетски потреби, без воени трошоци.
Украина ги повика западните држави да дадат поголема поддршка.
Американските власти во вторникот гласаа за пакет помош за Украина во вредност од 40 милијарди долари.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје