Странски банки
ЕБОР предвидува пад на македонската економија од 3,5% годинава, но и брзо опоравување и раст од 5,5% следната година

Во текот на 2020 година Северна Македонија ќе забележи пад на БДП од 3,5 проценти, како последица на економските последици од пандемијата на коронавирусот, по што следната година се очекува земјава да забележи економски раст од 5,5%, се наведува во најновите макроекономски прогнози на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Во извештајот на ЕБОР, со наслов „Регионални економски перспективи“, се посочува дека под претпоставка на краткотраен ефект од епидемијата на Ковид-19, последиците врз македонската економија ќе бидат „умерени“.
Банката наведува дека се очекува глобално економиите во просек годинава да имаат пад од 3,5 проценти, по што во 2021 година се очекува раст од 4,8 проценти, со напомена дека овие предвидувања не се сигурни поради неизвесноста со развојот на корона кризата.
Според главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик за излез од кризата на глобално ниво, клучни се поголемата соработка и економска флексибилност.
„Кризата преставуваше голем удар и излегувањето од неа ќе претставува исто толку голем предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку е време да се гради подобра иднина преку меѓународната посветеност кон слободната трговија, ублажување на климатските промени и економската соработка”, нагласува Јаворчик.
Во извештајот се предвидува дека на долг рок корона кризата ќе има умерено влијание врз економијата, при што се очекува економскиот раст да продолжи кон крајот на третиот квартал од годинава, но се нагласува дека потенцијално и натаму се можно значајни долгорочни економски, политички и социјални ефекти од пандемијата.
Доколку мерките на изолација останат во пракса многу подолго од предвиденото, рецесијата може да биде многу поголема, па нивото на економски раст од 2019 година нема да може да се достигне во наредните неколку години, се посочува во извештајот.
На глобално ниво мерките преземени за справување со пандемијата влијаеја на домашната побарувачка и понуда, што резултираше со остар пад на цените на стоките, проблеми во работата на извозниците, нарушување на глобалните вредности, колапс на туризмот и пад на нивото на дознаки од странство.
Речиси сите економии во развој од Централна и Источна Европа, Централна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка, според ЕБОР, веројатно ќе имаат економски последици во текот на оваа година, со само мал број исклучоци, како Туркменистан, Узбекистан и Египет.
Во регионот на Западен Балкан, голем удар се очекува врз економиите на Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, кои, како што се посочува, се базираат на индустриското производство, за Албанија и Црна Гора се оценува дека ќе бидат погодени поради ударот врз туризмот, додека Косово, но до одреден степен и другите западно балкански економии, ќе имаат намалена домашна потрошувачка како резултат на намалените дознаки од странство.
Странски банки
ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)
Странски банки
ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)
Странски банки
ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка