Connect with us

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој.

Според најновите проекции на ЕБОР, како што наведува Аранитаси, ќе има пад на БДП  во државава од 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан Централна и Источна Еврипа со индустриска база. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувчка, инвестиции, извоз и увоз, посочува Аранитаси.

Не очекува банкротот на Еуростандард банка значително да влијае на здравјето на банкарскиот сектор, но посочува дека можеме да очекуваме зголемување на нефункционалните заеми откако ќе истечат поволните услови за отплата.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме, преку инвестиции и политики, сите земји од Западен Балкан на нивниот реформски пат и приближување до ЕУ се до нивното пристапување. Северна Македонија како земја-кандидат е од клучно значење за нас и моментално имаме дискусии со владата околу нашата поголема вклученост во земјата”, наведува  Аранитаси.

Тој посочува дека стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија во периодот 2019-2024 предвидува акцентот да биде ставен на три приоритети: зголемена конкурентност на приватниот сектор, зголемена регионална интеграција и поврзување преку подобра инфраструктура, и поддршка на транзицијата кон зелена енергија преку поодржлива мешавина на енергенси и подобра ефикасност на ресурси.

„Инвестиравме преку 160 милиони евра во 2019 година и околу 45 милиони евра во текот на 2020 година. Ќе обезбедиме уште средства до крајот на годината, и според предвидувањата, ќе се обезбедуваат во просек околу 150-200 милиони евра на годишна основа во текот на периодот што го покрива стратегијата“, најавува Аранитаси.

Целото интервјуто со претставникот на ЕБОР Анди Аранитаси погледнете го на следниот линк.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно