Connect with us

Домашни банки

ЕБОР и Шпаркасе банка Македонија ќе го зголемат финансирањето на локалните МСП

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија е втората македонска банка која ќе и се приклучи на иницијативата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поттикнување на кредитирањето на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата.ЕБПР обезбедува €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, која заедно со Европската Унија (ЕУ), обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да ги достигнат ЕУ стандардите. Кредитот на ЕБОР е поддржан со €1,5 милиони грант од ЕУ, од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА).

Финансирањето на ЕБОР за Шпаркасе банка Македонија ќе биде насочено кон надградба на производните капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании, а најмалку 60% од фондовите ќе бидат насочени кон намалување на потрошувачката на енергија и ресурси, и поврзаните трошоци. МСП кои ќе користат кредити преку Шпаркасе банка Македонија, доколку успешно ги завршат проектите на модернизација до одредени ЕУ стандарди, ќе добијат ИПА грант финансиран од ЕУ.

МСП се главен двигател на Македонската економија. Според податоците на ЕУ, тие придонесуваат со скоро 65% во вкупната додадена вредност и околу 80% во сите работни места во земјата, што е далеку над просекот во ЕУ каде овие проценти изнесуваат 57% и 66% соодветно. Во почетокот на годинава, сличен финансиски пакет, од истата програма, беше доделен и на Охридска банка. Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан се стреми да обезбеди вкупно €30 милиони за кредитирање на македонските комерцијални банки, во наредниве години, придружувани од грант од ЕУ во вкупен износ од €6 милиони. Програмата е надградба на претходната поддршка на конкурентноста во износ од €20 милиони, која беше пласирана од 2010 до 2015 и беше поддржана од Европската Унија која обезбеди €4 милиони грант. ЕБОР инвестира во Македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над €1.75 милијарди.

• ЕБОР одобрува кредит во износ од €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, за натамошно кредитирање на македонските МСП.
• Компаниите ќе добијат и €1,5 милиони грант од ЕУ ИПА, како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан управувана од ЕБОР.
• Најмалку 60% од финансирањето ќе биде инвестирано во проекти на МСП за заштеда на енергија.

Домашни банки

CyberMonday @i-bank store на Стопанска Банка АД Скопје

Објавено

на

Во екот на најголемите глобални online настани Стопанска банка одлучи да организира свој сопствен online настан со цел промоција на e-commerce кај одбрани локални трговци, но и купувањето online од страна на корисниците на платежни картички.

Cyber Monday ќе се одржи се разбира во понеделник, на 26ти ноември и тоа во i-bank store филијалата на Стопанска Банка.

Учесниците на Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници! Значи, de facto, одлична прилика за бесплатен шопинг 🙂

Се што треба да направите за да пројавите интерес за учество е да одговорите на прашалниот на тука, а потоа очекувајте да бидете извлечени и контактирани за учество во првиот Cyber Monday настан во i-bank store!

Банката по случаен избор ќе избере вкупно 30 учесници кои ќе добијат 10 минутен термин во понеделник, на 26ти ноември да ги испробаат своите online шопинг спобности во филијалата i-bank store. Секако, се што ќе си купат ќе си биде нивно 🙂

Продолжи со читање

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange