Домашни банки
ЕБОР и Комерцијална банка промовираат еколошки инвестиции – 1 милион евра кредит за енергетска ефикасност на станбени објекти


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со доделување кредит во износ од еден милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF.
Средствата ќе бидат достапни за еколошки инвестиции во станбени објекти. Ова ќе вклучи инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во приватни живеалишта и згради.
„Ни претставува задоволство да ги прошириме нашите зелени активности во Северна Македонија и да ѝ посакаме добредојде на Комерцијална банка Скопје во користењето на оваа програма. Поддршката на зелените инвестиции е еден од нашите клучни приоритети и драго ни е што најголемата македонска банка се приклучува во овие залагања. Во таа насока, надминувањето на корона вирусот и изградбата на економијата остануваат во нашиот фокус. Зеленото обновување е еден од начините за заздравување на економијата, а овој кредит е чекор во таа насока“, изјави Анди Аранитаси,претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
Комерцијална банка е петта банка која се приклучува кон GEFF Програмата во Северна Македонија, која е дел од Програмата за финансирање на зелена економија на ЕБОР во износ од 85 милиони евра наменета за Западен Балкан. Истата е промовирана во 2017 година и претставува заедничка иницијатива на Европската Унија, австриското Федерално министерство за финансии и земјите кои ја примаат оваа помош од Програмата за инвестирање на Западен Балкан -WBIF .
Од ноември 2020 година, поддршката преку GEFF во Северна Македонија стигна во скоро 1.600 домаќинства и пласираше кредити од износ од над 11 милиони евра за индивидуални проекти кои придонесуваат во заштеда на над 7 милиони kWh енергија и намалување на испуштањето над 3.000 тони јаглероден диоксид на годишно ниво. Најчесто финансираните технологии се вратите и прозорците, изолација и термални пумпи.
GEFF се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан-REEP plus, финансирана од ЕУ и имплементирана од ЕУ во партнерство со Секретаријатот за енергетска ефикаснсот. REEP plus пружa поддршка и во политиките за хармонизација на законодавството за енергетска ефикасност на Северна Македонија и регулативите за енергетска ефикасност, согласно релевантните директиви на ЕУ.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 137 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денес, 04.03.2021 (четврток)изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички,средствата се веќе достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита


НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати денес, 4– ти март. (more…)
Домашни банки
Драгољуб Арсовски го зголемува својот акционерски капитал во ТТК Банка АД Скопје


ТТК Банка АД Скопје преку известување на Македонска берза информира дека претседателот на Управниот одбор на банката, д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 500 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје