Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ЕБОР и Комерцијална банка обезбедија 5 милиони евра за поддршка на МСП

Објавено

на

Пет милиони евра обезбедени од Европската банка за обнова и развој им се достапни на македонските мали и средни претпријатија  за подобрување на конкурентноста преку Комерцијална банка АД Скопје. (линк)

Кредитот на ЕБОР е поддржан со грант од 750.000 евра од ЕУ, доделен преку Инструментот за Претпристапна помош (Instrument for Pre-Accession Assistance  – IPA) и најмалку 60 отсто од средствата на ЕБОР за Комерцијална банка АД Скопје, се наменети за намалување на енергијата и користење на ресурсите, како и за трошоците поврзани со нив.

МСП се основата на македонската економија. Согласно податоците на ЕУ, околу 80 отсто од сите работни места во земјата се генерирани од МСП во земјата, што е високо над просекот во ЕУ кој изнесува 66 отсто. Со овој кредит, ЕБОР има за цел да го подобри пристапот до финансирање во земјата, кој сè уште претставува предизвик. Во 2018 година, кредитни линии од оваа иста програма беа овозможени и на Шпаркасе банка Македонија и на Охридска банка“, наведуваат од ЕБОР.

Во наредниве години, Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан ќе обезбеди вкупно 30 милиони евра кредитирање на македонските комецијални банки, каде ЕУ ќе додели уште 6 милиони евра грант.

Постоечката програма е надградба на претходно доделените 20 милиони евра преку Програмата за поддршка на конкурентноста, која беше активна од 2010 година до 2015 година и беше поддржана од Европската Унија, која обезбеди грант од 4 милиони евра.

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен деловен обем од над 1,75 милијарди евра.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange