Connect with us

Странски банки

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на малите и средните претпријатија на Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот.

Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.

„Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи. ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици”, се наведува во соопштението.

Потпретседателот за политика и партнерство во ЕБОР, Пјер Хеилброн вели дека остануваат посветени на поддршката на бизнисите, а според комесарот на Европската унија за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, малите и средните претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан кои треба да се поддржат.

„Поради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување основа за одржливо обновување”, вели Вархеи.

ЕБОР досега во Западен Балкан има инвестирано над 13 милијарди евра во над 700 проекти, вклучувајќи ги инфраструктурата, малите и средните претпријатија и зелената економија.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно