Домашни банки
ЕБОР и ЕУ ја продолжуваат поддршката за МСП во Република Северна Македонија


Малите бизниси во Република Северна Македонија ќе бидат во можност да ја подобрат нивната конкурентност благодарение на пласирање на наменската програма на ЕБОР-ЕУ во земјата. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош. Промоцијата на програмата во Северна Македонија следи по претставувањето на истата во Косово, минатиот месец.
Во Република Северна Македонија, ЕБОР доделува €30 милиони на локалните банки кои понатаму ќе пласираат кредити на комерцијалните корисници. До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка. Средствата ќе бидат проследени со пакет на техничка помош и стимулативни грантови, во износ од €4.5 милиони, од ЕУ националниот Инструмент за пред-пристапна помош (Instrument for pre-Accession Assistance-IPA).
МСП ќе можат да ги користат фондовите за подобрување на нивните производни капацитети и да ги зајакнат процесите и квалитетот на производите преку воведување на ЕУ стандарди за заштита на човековата околина, безбедно производство, квалитет и слично.
Малите бизниси се основа на националната економија и тие вработуваат 80% од работоспособното население. И покрај нивното економско значење, малите бизниси продолжуваат да се соочуваат со пречките во нивниот развој, често пати со тешок пристап до финансирање и советодавни услуги.
Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија ијзави: ,,Ни претставува задоволство што Програмата за поддршка на конкурентност на МСП е достапна за МСП во Северна Македонија. Подобриот пристап до финансирање и советодавни услуги ќе им овозможи на бизнисите да го подобрат нивното работење и конкурентност.”
Јанмат Фрик, Раководител на проекти, ЕУ Северна Македонија изјави: ,,Потребно е да има диверзификација на пристапот до финансии преку комбинација на традиционално банкарско кредитирање, стимул и трансфер на советодавни услуги, за да се дојде до целосниот предприемачки потенцијал на земјата. Крајниот резултат ќе донесе поконкурентни МСП со поголем број на вработувања и поголеми можности за раст на биснисите.”
Кочо Анѓушев, Заменик Премиер на Република Северна Македонија задолжен за економски работи и координација на економските сектори, истакна: ,,Преку овој проект значително се подобрува пристапот до финансиски средства за малите и средни претпријатија и се овозможуваат нови, свежи средства за развој и нови инвестиции на компаниите. На располагање се €30 милиони евра и €4.5 милиони грант, што претставува атрактивна финансиска инјекција, моделирана за потребите на МСП – приближно 15 % грант за секој кредит. Ова е фактички директната помош и придобивка од интеграциите во ЕУ и НАТО.”
До денес ЕБОР има инвестирано над €1.87 милијарди во 117 проекти во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на поддршката на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и пропратните активности на Банката, особено интензивирајќи ја соработката со клучните партнери-Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.
Шпаркасе Банка Македонија е една од комерцијалните банки преку која ќе се пласираат кредитите од Програмата за поддршка на конкурентност на МСП на ЕБОР.
„Ние како една од првите банки кои се вклучени во проектот „SME Competitiveness Support Programme“ со голема одговорност ја прифативме можноста да бидеме дел од овој значаен проект за финансирање на инвестициите на микро, малите и средни претпријатија во Р. Северна Македонија. Сметаме дека овој проект ќе има значаен придонес во унапредувањето на економскиот развој на државата, подобрување на конкурентноста на компаниите на пазарите како резултат на унапредување на производните технологии, зголемување на производните капацитети, како и унапредување на енергетската ефикасност преку инсталирање на технологии кои ќе придонесат за заштита и унапредување на животната средина.“, изјави Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје