Connect with us

Странски банки

ЕБОР и ЕУ во поддршка на малите бизниси во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од 1 милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).

МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите, квалитет на производите и безбедност, здравје и безбедност и енергетска ефикасност. Тука се вклучени инвестиции во технологија, опрема, возила, итн. Се очекува најмалку 60% од инвестициите да бидат во зелени технологии и енергетска ефикасност.

По успешното завршување на инвестицијата, МСП ќе можат да се квалификуваат да добијат поврат на средствата, т.е. грант во износ од 15% од вкупната сума на кредитот. Оваа поддршка е обезбедена од Европската Унија.

Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целта е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: „МСП се основа на економијата во Северна Македонија и беа особено погодени со оваа криза. Кредитната линија ќе им овозможи да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ.”

Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија изјави: „Пристапот до финансирање е основа за развој на било кои МСП. Поддршката која што ја обезбедуваме дава можност за подобрување на деловните активности во однос на подобрување на вмрежувањето и подобрување на работењето. Ќе помогнеме во инвестирање во дигитална надградба и ќе користиме ресурси на поодржлив начин, зголемувајќи го еколошкото работење и натамошното подобрување на конкурентноста.”

Марјан Манчев, Директор на Шпаркасе лизинг доо Скопје истакна: „Многу ми е драго што соработката помеѓу ЕБОР и Шпаркасе лизинг доо Скопје продолжува и во 2021 година, со втората кредитна транша од €1 милион од ЕБОР, од кредитната линија за конкурентност, наменета за поддршка на МСП во земјата. Се надевам дека новото финансирање со кое се овозможува 15% грант за крајните корисници, ќе им помогне на компаниите во нивната транзиција кон користење на зелена енергија. Шпаркасе лизинг доо Скопје останува првата и единствената лизинг компанија на македонскиот пазар со пристап до оваа кредитна линија, потврдувајќи ја водечката улога на лизинг пазарот со силен фокус кон потребите на клиентите и еколошката одржливост.”

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,14 милијарди преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно