Домашни банки
ЕБОР, ЕУ, Австрија и локалните партнерски банки донираат дрва за позелено Скопје

Денес во Скопје беа засадени 50 каталпа дрва како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје. Дрвата се донација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF – ГЕФФ), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.
Со цел да ги обележи резултатите од ГЕФФ Програмата и симболично да се придонесе во борбата со климатските промени, ЕБОР, ЕУ и Австрија ќе засадат дрва во ноември и декември 2021 година, во шестте држави на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Истовремено, дрвата се и награда за најактивните партнер банки, како и за производителите и продавачите на технологии за енергетска ефикасност, за нивниот придонес во успехот на ГЕФФ Програмата на Западен Балкан.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Подобрувањето на енергетската ефикасност води кон помало користење на енергија, помали сметки и општо земено, подобар квалитет на живот. Драго ни е што домаќинствата во Северна Македонија имаа можност да ги почувствуваат бенефитите од ГЕФФ Програмата. Северна Македонија покажа голем интерес за инвестирање во технологии за енергетска ефикасност, со над ЕУР 18 милиони потврдени инвестиции во изминативе четири години. Би сакале да се заблагодариме на нашите ГЕФФ партнери, на донаторите ЕУ и Австрија, Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како и на продавачите на зелени технологии: Еко Вент, Рабуш Пласт, Кармен Бауцентар, Тeхноауто, Даикин-Алмакос, Рехау, Усјепор, за помошта во успешната имплементација на ГЕФФ Програмата во Северна Македонија.“
Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европска Унија додаде: “ЕУ Зелениот договор има за цел да ги насочи политичките амбиции во справување со климатски промени, еколошката деградација и колапс на биодиверзитетот во превземање на сеопфатни практични чекори. Зголеменото користење на обновлива енергија и активности за подобрување на енергетската ефикасност се клучни елементи во креирање на позелена и поодржлива иднина која е во согласност со овие амбиции. Програмата за финансирање на зелена економија која е ко-финансирана од ЕУ, имаа помогнато на повеќе од 2.500 домаќинства преку инвестиции во заштеда на енергија. Следат уште многу активности, бидејќи ова е само дел од поддршката на ЕУ за одржлив економски раст насочен кон обичните граѓани.”
Георг Воутсас, Австриски Амбасадор во Северна Македонија изјави:,, Енергетската ефикасност е моќен извор за експлоатација, но бара заеднички напор и соработка. До сега, Австрија има доделено над ЕУР 5 милиони во ГЕФФ Програмата, и е клучен партнер во оваа иницијатива. Навистина е одлично да се види дека програмата им има помогнато на импресивен број луѓе во Северна Македонија и во поширокиот регион, во подобрување на енергетската ефикасност за домовите, придонесувајќи кон намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот.”
,,Градот Скопје ќе се фокусира кон поддршка на активностите насочени во заштита на човековата околина, кои имаат директно влијание во создавањето подобра иднина. Со заеднички напор, можеме да влијаеме кон зелената транзиција и да ја оствариме визијата за зголемување на осознавањето на проблемите во човековата средина, истовремено овозможувајќи посилен еколошки заштитен систем”, изјави Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје. Засадувањето на дрвата беше помогнато од “ЈП Паркови и Зеленило” како и од волонтерите на организацијата “Биди зелен”.
„Во изминатите четири години Шпаркасе Банкa беше еден од активните промотери на Западен Балкан ГЕФФ програмата и заедно со поранешна Охридска банка, реализираа вкупни пласмани од ЕУР 15 милиони. Преку нашата продажна мрежа работевме интензивно за поголема директна промоција на програмата, што придонесе за поголема едукација и свесноста кај граѓаните за примена на енергетско-ефикасни материјали при реновирање или изградба на нивните домови,“ изјави Нина Неданоска, Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Домаќинствата кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност во домовите може да аплицираат за специјално наменетите кредити преку ГЕФФ партнерските финансиски институции. По успешното завршување на инвестицијата, домаќинствата добиваат грант финансиран од ЕУ, во износ до 20 % од вкупната сума на кредитот, со што поддршката е многу повеќе достапна за граѓаните.
ГЕФФ Програмата е креирана од ЕБОР и е ко-финансирана со грант средства од ЕУ, Австриското федерално Министерство за финансии, билатералните донатори и Инвестициската Програма за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF). До сега, има поддржано над 10.000 домаќинства во регионот, подобрувајќи ја енергетската ефикасност во изминативе четири години преку инвестирање во нови прозорци, изолација, топлотни пумпи, итн. Програмата, која нуди специјализанти кредитни линии и грант средства, финансира инвестиции во зелена технологија во вредност од ЕУР 50 милиони. Истата е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme-REEP) за Западен Балкан и е имплементирана партнерски со Секретаријатот на енергетската заедница.
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и предприемачката иницијатива во 38 држави на три континенти. Банката е во сопственост на 69 земји, ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро владеење, еколошка одржливост, отпорни и интегрирани.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство