Connect with us

Домашни банки

ЕБОР го награди придонесот на НЛБ Банка за успехот на програмата за финансирање на зелена енергија во резидентниот сектор

Објавено

на

НЛБ Банка доби признание за својот придонес во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, правејќи го заемот на GEFF (Green Economy Financing Facility) достапен за голем број домаќинства што ја намалуваа потрошувачката на енергија, а со тоа придонесоа кон намалување на загадувањето на животната средина, како и кон севкупниот успех на програмата GEFF на Западен Балкан. Во знак на благодарност за исклучителниот придонес, Европската банка за обнова и развој во име на НЛБ Банка донира садници, кои ќе бидат засадени низ земјите во Западен Балкан, како трајно наследство за помладите генерации.

Инаку, од оваа кредитна линија преку НЛБ Банка целосно се пласирани 3 милиони евра до крајни корисници, физички лица. Станува збор за „зелени“ кредити, а досега се исплатени на клиентите финансиски стимулации од 315 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат.

„Ви благодариме што придонесовте за постигнување на значајни резултати и што придонесовте за инвестиции во енергетската ефикасност и дополнително зазеленување на економијата на регионот во согласност со Зелената агенда на Европската Унија и Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан.“ – истакнаа од Европската банка за обнова и развој во благодарноста до НЛБ Банка.

Минатата недела, Европската банка за обнова и развој со поддршка на Европската унија, Инвестициската рамка за Западен Балкан, Федералното министерство за финансии на Република Австрија и Секретаријатот на економската заедница одржа церемонија на која ги претстави резултатите од програмата на ЕБОР – GEFF во изминатите четири години и додели признанија на сите кои придонесоа за успехот на програмата на Западен Балкан.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно