Connect with us

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија.Банкарскиот сектор има голем број банки во однос на големината на економијата, а консолидацијата може да помогне во зајакнувањето на секторот во целина и во кредитирањето на реалната економија. Стабилноста на банкарскиот сектор е силна, но бројот на банките останува голем во однос на големината на пазарот. И покрај консолидацијата во текот на годините во Македонија се уште има 16 банки, голем број, за мал пазар, се вели во извештајот.

Според Европската банка влошена е перцепцијата за корупција и покрај поволното деловно опкружување а тоа го потврува 107 место од 180 земји во светот. Клучен приоритет во периодот што следи е наведена дигитализацијата на работата на институциите што се очекува да привлече нови инвеститори и отворање на нови работни места. Економскиот раст за годинава според ЕБОР ќе изнесува 2 % а догодина 3 % под претпоставка за континуирана политичка стабилност, деблокирање на понатамошни реформи и доаѓање на многу потребните инвестиции. Клучен ризик според ЕБОР останува можноста за продолжување на политичките турбуленции и несигурност ако напредокот во решавањето на спорот за името не се одржува.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange