Connect with us

Business Man

Д-р Владимир Ефтимоски, генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, награден за „Најдобар банкар во Република Северна Македонија за 2020 година“

Објавено

на

Престижниот финансиски магазин „Finance Central Europe“ му ја додели наградата „Најдобар банкар во Република Северна Македонија за 2020 година“ на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Магазинот „Finance Central Europe“, кој ја оценува 2020 година како исклучително предизвикувачка за банките како главни играчи и помагатели на компаниите и населението, наградите за најдобрите во банкарството ги доделува на основ на постигнати резултати на банката и успешното раководење на високиот менаџмент на банката за време на ковид-кризата, воспоставувајќи контрола и стабилна база за идни ветувачки позитивни проекции.

Со тоа, признанието е уште позначајно затоа што се доделува во време на пандемија со вирусот Ковид-19, кој направи големи економски штети и ги исправи банките пред големи предизвици.

„Се ближиме до крајот на 2020 година, која ќе остане во нашите трајни сеќавања, година во која водиме битки на многу фронтови. Горд сум што Стопанска банка а.д. Битола успешно излезе во пресрет на потребите на сите свои клиенти, им обезбеди поддршка за да ги пребродат финансиските турбуленции и, во исто време, обезбеди висок степен на континуитет во понудата на квалитетни услуги и на стабилен и сигурен раст на бизнисот. Оваа награда за мене има посебна вредност токму поради тежината која со себе ја имаше 2020 година. Од сите предизвици со кои досега сум се соочил во банкарското работење, ова е еден од најголемите, кој сè уште трае. Ширењето на вирусот бара уште поголемо лидерство и тоа ќе биде основно за банкарскиот сектор секаде низ светот. Наградата е дополнителен поттик за мене и тимот во Банката да останеме посветени и будни на остварување на зацртаните деловни планови, секако со гарантирана безбедност на вработените и на клиентите“, изјави Г-дин Ефтимоски.

Ова е едно од неколкуте меѓународни признанија за Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, кои се должат на неговиот професионален, посветен и иновативен пристап во банкарството. Тој минатата година од магазинот „Finance Central Europe“ ја доби и престижната награда „Најдобар банкар во Република Северна Македонија во периодот од 1999-2019 година“.

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно