Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ

Објавено

на

Денес, 22 мај 2018 година, д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија, на својата 46. седница, вчера, со 81 глас „за“, без ниту еден глас против и без ниту еден воздржан се изјасни по предлогот на Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, таа да ја извршува оваа одговорна функција, што претставува и чин на потврда на професионализмот којшто е неопходен за успешно управување и функционирање на централната банка. Во текот на денешниот ден, д-р Ангеловска-Бежоска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, по што беше реализирано и примопредавање на функцијата гувернер на Народната банка. При примопредавањето на функцијата, досегашниот гувернер, Димитар Богов, срдечно ѝ посака успех во совладувањето на предизвиците и натамошно, континуирано успешно работење на централната банка.

Во својата прва изјава за медиумите од позиција на гувернер, д-р Ангеловска-Бежоска, меѓу другото истакна: „Пред мене стои предизвикот со спроведување успешна и независна монетарна политика, во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка, а тоа се: ценовната стабилност остварена преку стратегијата на одржување стабилен девизен курс на денарот; одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем, а преку тоа директно давајќи придонес за целокупната финансиска стабилност во нашата економија и дополнително, поддржување на општите економски политики… Исто така, би сакала да потенцирам дека сите овие успешни политики коишто се спроведуваа досега, беа резултат на големиот институционален капацитет којшто го поседува централната банка, благодарение на долгогодишното вложување на стратешкото раководство на институцијата во развојот на човечките ресурси. Тука останува мојата обврска и натаму да го градиме капацитетот, бидејќи тој е клучен за извршување на нашите задачи“.

По стапувањето на функцијата, денес, гувернерот Анита Ангеловска-Бежоска го одржа и својот прв состанок со стратегиското раководство на Народната банка.

Биографијата на гувернерот Анита Ангеловска-Бежоска можете да ја погледнете овде.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Конференција на Европската комисија: Релативно високиот степен на поврзаност на нашиот финансиски систем со европскиот носи бројни придобивки за нашата економија

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, во Виена, учествуваше на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската Унија (ЕУ), кога во неа пристапија единаесет земји од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа (ЦЈЕ). Во рамки на панел-дискусијата посветена на финансиската интеграција, Ангеловска-Бежоска особено се осврна на развојот и карактеристиките на финансискиот сектор на земјава. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Следната година ќе се пуштат во оптек банкноти со Северна Македонија

Објавено

на

Од почетокот на 2020 на банкнотите од 500 денари ќе го има новото име Народна банка на Северна Македонија, а од втората половина на следната година ќе бидат заменети и книжните банкноти од 10 денари со новото име, пренесува Алсат. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange