Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот.

Здравјето на детето е најпосакуваната желба на родителите, бидејќи им дава чувство на сигурност, безбедност, мир и спокој или, наједноставно кажано – детето ни е се во животот!

Винер Лајф како една од водечките компании за животно осигурување во Македонија неодамна го промовираше на пазарот производот Винко.

Винко е детски пакет за осигурување, кој покрај тоа што носи среќа за секој дом, се грижи за сигурноста и образованието на децата. Овој атрактивен производ нуди низ игра и забава најмладата популација да се стекне со дисциплина за штедење, земајќи ја во предвид и безбедноста на родителите. Детското животно осигурување е насочено кон обезбедување финансии, вклучувајќи ги и здравствените моменти и понатамошна едукација на детето.

Навиките за штедење се стекнуваат од најмали нозе, а со овој производ можете да обезбедите сигурна иднина за Вашето дете.

Самиот симбол на овој детски пакет е Бувчето Винко. Винко е биолог кој сака да решава загатки и да носи мудри одлуки за прашања кои се однесуваат на иднината и нестрпливо чека да биде запознаен со најмладата популација.

Винко веќе имаше средба со дечињата на Плоштадот Магнолија во Битола, интересот на децата беше огромен, па сега Винко ве поканува на ново дружење во Скопје. Сите мали и големи деца кои имаат желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче, на 08.06.2019 година, дојдете во Градскиот парк во Скопје на “Школка” на дружење со Винко.

Осигурување

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За бегрижно лето и сигурен дом – ДОМИ КОМПЛЕТ од Еуролинк осигурување

Објавено

на

Во период од 11.07.2019 до 10.09.2019 Еуролинк осигурување обезбедува 30% попуст за годишна полиса за станбено осигурување ДОМИ КОМПЛЕТ, за сите пакети, преку својата интернет продавница со Grouper купон. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување АД Скопје склучи Договор за реосигурување со Триглав Ре Љубљана

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, на 157-та седница одржана на ден 11.-13.06.2019 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2019 година со Триглав Ре бр. 0202-6891/1, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2019 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange