Connect with us

Лични финансии

Другата страна на продажбата

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Мотивот за оваа статија се различните погледи на продажбата и нејзиното различно разбирање. Па така за менаџментот продажбата ја претставуваат планови, табели, профити, разлики во цена, профитабилности по региони, по продавачи, по административни единици и слични економски квантитативни параметри. Продавачите пак на неа гледаат како на таргети, притисоци, квартали, семестри, плата, бонуси и останати лични бенефиции или казни.

А како ја гледаат потрошувачите?

Во трката со конкуренцијата, кој, како и колку побрзо да стигне до купувачот, продавачите во очите на потрошувачите почнуваат да наликуваат на лицемерни луѓе кои се со нив само за да им го купите производот, луѓе кои многу зборат, а малку остваруваат. Самото тоа по автоматизам ја губи смислата за продажбата, нејзината суштина и главната поента, односно на неа се гледа само преку призмата на пари… што е далеку од нејзина крајна цел.

И тука се поставува ново прашање: Кој е среќен во целава приказна, а кој треба да биде среќен? Според лично видување само менаџментот е среќен, зошто продавачот не секогаш ќе го оствари таргетот, нема секогаш бонус и награда, односно купувачот не секогаш ќе ја добие услуга или производ адекватен на цената, не секогаш ќе се почуствува убаво кога ќе го купи производ.

Затоа мислиме дека е време за едно СТОП. Да се вратиме на суштината.

Суштината во продажбата е размена на различни материјални и нематеријални добра за заедничка благосостојба на двете страни односно остварување на WIN-WIN ефект. И тука не станува збор за пари. Главната причина зошто некој “купува” е затоа што има потреба која треба да ја задоволи, а другата страна го има решението за таа потреба. Во овој контекст би ја претставил и поголемата слика односно дека ние постојано даваме и земаме, имаме меѓуперсонални односни, се даваме на клиентите, на семејството, на пријателите, на колегите, на соседите ама и тие нам, односно разменуваме искуство, убави моменти, љубов, стручност, добра, знаење а можеби и пари. Значи во најголем дел од нашата секојдневна продажба на самите себе разменуваме чувства.

ДА, ДА, колку и да е чудно продажбата има емотивна страна.

Првото чуство кое се јавува е СТРАСТА која се јавува при секоја добро склучена зделка, и кога купувате и кога продавате, односно пеперутките кои се чуствуваат во стомакот во тој момент. Понатаму чуството дека можете да ПОМОГНЕТЕ и да го решите проблемот на друг и да му ги тргнете ГРИЖИТЕ без разлика колку и да се неважни. Со тоа на другата страна ќе и помогнете да се почуствува ВАЖНА и ЗГРИЖЕНА. ВЕРУВАЈТЕ во сопствените можности и продукти, за да можат и другите да веруваат во вас. Во чинот на размена влезете ИСКРЕНИ, без задни намери и другите ќе го ЦЕНАТ она што го правите. РАЗМЕНЕТЕ мислења, СПОДЕЛЕТЕ искуство, преговарајте и ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ, за да дојдете до заедничка точка каде и двете страни ќе бидат СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ.

Колку чудно и да звучи, ова се главните продажни техники и вештини кои треба да ги има секој кој се занимава со продажба, зошто доколку емоциите, желбите и потребите се исполнети, парите се само пропратен елемент на успешната приказна (продажба).

Затоа доколку ја практикувате продажбата само од нејзината неемотивна страна ПРЕСТАНЕТЕ, зошто иако во моментот не сте свесни, неуспехот набрзо ќе дојде.

ПРЕПОРАКИ:

МЕНАЏМЕНТ: Подобро среќни продавачи и лојални клиенти на долг рок, отколку незадоволни продавачи и еднократни купувачи на краток рок.

ПРОДАВАЧИ: Не го прави тоа што не сакаш да ти го прават.

КУПУВАЧИ: Имате избор, избери го оној кој се грижи а не оној кој продава.

 

Автори: Тимот на Македонска асоцијација за продажба

Лични финансии

Бизнис бар: Како да давате совети без да изгледа дека шефувате

Објавено

на

Убаво е да им понудите зборови на мудрост на оние во вашите најблиски кругови, но границата помеѓу искреното давање совети и изгледот на сезнајко може да биде мала. Дури и ако вашиот совет е побаран или добредојден, сепак може да биде незгодно бирањето на вистинската порака. Уште покомплексно е да го понудите вашиот совет ако не се побара. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Станете експерт во вашата индустрија за 9 месеци

Објавено

на

Еве како можете да станете експерт во рекордно време, така што луѓето нема да имаат друг избор освен да ве забележат: (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: 5 вештини на најуспешните продавачи

Објавено

на

Претварањето на потенцијален во лојален клиент започнува со успешната продажба. Продавачот е тој кој го креира првиот впечаток и затоа мора да научи како да работи ефикасно и како ефективно да комуницира. Успешните продавачи знаат дека треба да постигнат специфични вештини за да креираат квалитетно искуство за клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно