Connect with us

Анализи

Државни хартии од вредност – колку често и како ги издава државата?

Објавено

на

Државните хартии од вредност (ДХВ) се безризични хартии од вредност кои во име на Владата на Република Македонија ги издава Министерството за финансии. Првата аукција на ДХВ е реализирана во јануари 2004 година со емисија на 3 месечни државни записи.

ДХВ се продаваат преку аукции кои се организирани преку Агентот на Министерството за Финансии, а тоа е Народната Банка на Република Македонија. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во РМ), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку банките.

Номиналната вредност на една ДХВ е 10.000,00 денари. Државните записи се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се уплатуваат по дисконтирана вредност. Државните обврзници се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се продаваат по цена постигната на аукцијата и до нивното достасување се плаќа полугодишна или годишна купонска камата.

Најголем дел од државните хартии од вредност се едногодишни државни записи, а најмал е износот на продадени шестмесечни записи. Во последниот период, државата ги намали задолжувањата по однос на краткорочни државни записи, а во април издадена е и триесетгодишна државна обврзница. Министерството за финансии продава хартии од вредност или записи и обврзници на домашниот пазар преку кој ги финансира обврските на буџетот, а записите ги купуваат финансиските институции во земјата, банките, но и пензиските фондови. Лани на крајот на јуни долгот на државата за запишани државни хартии од вредност изнесува помалку од 1,4 милијарди евра, додека во јуни 2015 состојбата на државниет записи и обврзници изнесува 1,3 милијарди евра.

По основ на петгодишни државни обврзници издадени се вкупно 141 милиони евра, додека состојбата на дестгодишните обврзници е 138 милиони евра. На крајот на јуни во шестмесечни записи биле запишани 10,5 милиони евра, најмалку по сите основи.

 

Анализи

Во војната помеѓу банките и онлајн кредиторите, ќе победат податоците!

Објавено

на

Онлајн кредитори пристигнаа на сцена во совршено време за Силиконската долина. Излегувајќи од финансиската криза во 2008 година, банките – традиционалните заемодаватели – бавно го разбираа начинот на кој потрошувачите сакаа да пристапат до кредит и беа (разбирливо) неподготвени да преземат ризик. Наместо да се фокусираат на потребите и барањата на потрошувачите, банките беа фокусирани на други прашања: регулаторни предизвици, ограничувања на капиталот и основни технологии изградени во 1960-тите – ненамерно отворање на пар за пораст на интернет-заемодавците. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се околностите за спојување на Дојче Банк и Комерцбанк?

Објавено

на

Не е само политичкиот пејзаж на Германија што гледа пресврт. Сега се чини дека германската влада е подготвена да го санкционира спојувањето помеѓу две од нејзините некогаш големи банкарски сили, Дојче банк и Комерцбанк. Ова се чини дека е потег за да се осигури дека Германија може да тврди дека има еден финансиски играч кој може да обезбеди доволно финансиска поддршка на германските компании дома, а особено во странство. Ова е идеја оптоварена со опасност. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кој ќе биде најоштетен од воведувањето на прогресивниот данок?

Објавено

на

Повеќе од една деценија во Македонија се употребува рамниот данок. Но, дали го постигна ефектот кој што се очекуваше? Воведен под велот на рамноправност за сите граѓани, всушност го постигна спротивното односно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange