Форекс
Државни обврзници во вредност од 900 милиони денари од денес котираат на Македонската берза


Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-5628/1 од 05.08.2020, почнувајќи од денес (10.08.2020 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација се примени на котација државни обврзници во вредност од 900 милиони денари.
Државните обврзници ги имаат следните карактеристики:
Вид на хв: државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 900.010.000,00 МКД
Број на издадени хв: 90.001
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 06.08.2020
Датум на достасување: 06.08.2050
Каматна стапка: 4,10%
Датум на исплата на камата: еднаш годишно почнувајќи од 06.08.2021
Шифра на тргување: M060850D
ИСИН: MKMINF20GU10
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
Форекс
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато


Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)
Форекс
Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје