Connect with us

Компании

Државна кредитна гаранција и државна царинска гаранција како дел од мерките на четвртиот сет економски мерки

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на граѓаните, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.

Новиот пакет економски мерки содржи вкупно 31 мерка за поддршка на граѓаните и стопанството.

Како дел од мерките на четвртиот пакет економски мерки се и државна кредитна гаранција и државна царинска гаранција.

Со државна кредитна гаранција, државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Од голема поддршка за компаниите ќе биде и мерката – Државна царинска гаранција.

Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг, државата ќе го поддржи извозот и увозот и ќе го олесни пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите е и дополнителното одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно