Connect with us

Странски банки

Државната банка на Виетнам со драстични мерки против епидемијата од коронавирусот

Објавено

на

Централната банка на Виетнам им нареди на комерцијалните банки да ги елиминираат, намалат или одложат каматните исплати на кредити од компании кои се соочуваат со значајни загуби како резултат на појавата на коронавирусот.

Овој потег на Државната банка на Виетнам доаѓа откако властите ги засилија мерките за ублажување на притисокот што го сноси економијата од брзото ширење на епидемијата на коронавирусот, објави „Reuters“.

„Наредбата се однесува на сите доспеани плаќања од 23 јануари до 30 март“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Државната банка на Виетнам. „Комерцијалните банки треба да ги проценат загубите што компаниите ги претрпеле како резултат на епидемијата и да обезбедат одржување на кредибилитетот за идните заеми“, се вели во соопштението.

Виетнамската влада соопшти дека ќе се придржува кон првичните проценки за економски раст од 6,8 проценти и ќе преземе чекори за да го ублажи влијанието на епидемијата.

Странски банки

Дали е време централните банки да се свртат кон дигиталните валути?

Објавено

на

Светската здравствена организација веќе ги даде препораките за што е можно поголемо избегнување на употребата на кеш при трансакциите со цел да се избегне ризикот од пренесување на корона вирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Менаџерите на УниКредит банка се откажаа од нивниот бонус за 2020 година

Објавено

на

Најголемата италијанска банка според вредноста на средствата, „UniCredit”, во вторникот објави дека нејзините водечки директори и високи менаџери решиле да се откажат целосно од нивните бонуси за 2020 година и дека банката истиот тој износ ќе го донира во Фондацијата „UniCredit” за поддршка на социјални иницијативи и пред се за помош на луѓето на кои тие средства им се неопходни. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како инвеститорот Бил Акман заработи милијарди од корона кризата додека берзите тонеа?

Објавено

на

Слично како при падот на пазарот на недвижности во САД во 2006-2008 година, кога се создаде огромната хипотекарна криза и кога се случи тешката финансиска криза, одредени инвеститори ги броеја милијардите, додека пак останатите во паника чекаа владини мерки за спас на пазарот на капитал.

Така и сега, во екот на корона кризата која ги потона берзите во САД и глобалните пазари, инвеститорот Бил Акман од неколку вложени милиони, заработи 2,7 милијарди долари, а со тоа практично го спаси неговиот инвестициски фонд Pershing Square Capital Management како и портфолијата на бројни компании и организации.

Наједноставно кажано Акман се обложи со 27 милиони долари дека економијата на САД ќе доживее крах и тоа пред еден месец, кога се појавија првите сигнали дека корона вирусот ќе се прошири насекаде во светот и ќе предизвика глобална пандемија.

Акман исто така ги ликвидираше повеќето корпоративни хартии од вредност за кои беше сосема извесно дека ќе изгубат многу од пазарната капитализација, па така спаси инвестиции на голем број од неговите клиенти кои препуштаат на неговиот фонд во што и како ќе инвестира, односно ќе ги оплодува нивните средства.

Pershing Square ја искористи кредитната заштита на индексите на обврзници со високи приходи и високи приноси за да оствари огромна добивка. Средствата се зголемуваа по вредност како што се зголемуваа шансите за пад на вредноста на корпоративните обврзници.

Акман оттогаш го искористи профитот за да ги зајакне инвестициите на Pershing Square во Berkshire Hathaway, Hilton, Lowe’s, Restaurant Brands International, и Agilent. Фондот, исто така, воспостави удел во „Старбакс“, откако ја продаде својата позиција во јануари.

Дел од аналитичарите го обвинуваа Акман дека со постапката шири страв и со тоа негативно влијание на инвесторите, но испадна дека неговиот облог и тоа како бил навремено осмислен и оправдан, иако покажува недоверба во способноста на пазарот да ги надмине брзо шоковите предизвикани од застој на економијата.

Акман исто така потенцира дека американската економија треба да биде ставена на „пауза“ во рок од триесет дена, да се претрпат сите загуби, но потоа да се надминат мерките за карантин и изолација штом пандемијата се стиши по примерот на Кина каде веќе нема потреба од затвореност и економијата, но и секојдневниот општествен живот се враќа во нормала.

Продолжи со читање

Популарно