Connect with us

Останато

Државен завод за статистика: Во април е забележан пад на индустриското производство

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 66.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање од 17.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 40.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.1 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 8.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 22.0 %, Капитални производи за 70.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 28.5 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

Извор: Државен завод за статистика

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно