Connect with us

Останато

Државата ќе ги ограничи вкупните трошоци за потрошувачки кредити

Објавено

на

Најавата дека се подготвуваат измените, веќе е објавена на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), но нема детали околу измените.

Министерството за финансии подготвува измени на законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити, со кои дополнително планира да ги натера банките да не им наплатуваат на граѓаните прекумерни трошоци кога им одобруваат заеми.

„Давателите на потрошувачки кредити на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата. Со цел граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити“, стои во образложението за измените.

Инаку и досега банките мораа на граѓаните да им ги кажат вкупните трошоци за одобрувањето на кредитот.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange