Анализи
Државата да се задолжи со над половина милијарда евра за директна помош на „заразената“ економија

За да се обезбеди директна финансиска инјекција за домашната економија погодена од целосната парализа предизвикана од корона вирусот неопходно ќе биде задолжување на државата кај меѓународните финансиски институции, како и кај странските комерцијални банки.
Иницијативата за задолжување ја покрена дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитиреска Кочоска со план за прибирање на над половина милијарда евра. Според планот предвидено е од ММФ да се задолжи државата во износ од 87 милиони евра, од Светска банка заемот да изнесува помеѓу 100 и 120 милиони евра, додека пак од странските комерцијални банки би требало да се позајмат околу 400 милиони евра.
Опозицијата нема да се противи на ваков вид на задолжување иако станува збор за непопуларна мерка која во изминатиот период беше критикувана.
„На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна, но е единствена опција во овој момент за да ме се помогне на стопанството. Нема да пишуваме писма до кредитобарателите за откажување на задолжувањето како што тоа го правеше СДСМ кога беше опозиција, туку ќе ја поддржиме владата во намерата да обезбеди финансиски средства за финансирање на потребите на фирмите во периодот на кризата“, напиша на социјалната мрежа Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку планот се усогласи во Министерството за финансии предложеното задолжување ќе биде ставено на дневен ред на седница на Влада која со оглед на воведената вонредна состојба ќе може да се задолжи со оваа висока сума со управна одлука. Заложбите ќе бидат кредитите и задолжувањата да бидат по поволни услови.
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
Анализи
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?

Колкави се разликите во каматите за штедење во различни банки? За една година може да заработите минимални 3.300 денари, но вашата заработка може да достигне и 23.171 денар!
Повеќе од сигурно е дека штедењето станува исплатлива инвестиција затоа што каматните стапки од почетокот на годината значително се зголемија. Факт е дека сите банки во земјава ги зголемија каматните стапки за штедење во денари и во евра, но сепак постојат големи разлики помеѓу нив кога станува збор за висината на каматните стапки. Тоа го прави штедењето вистински предизвик за граѓаните. (more…)
Анализи
Домашните банки преку посебен Фонд ќе ја спасуваат секоја банка што ќе се најде во проблеми

Банките ќе мора да бидат солидарни и да ја спасуваат секоја банка во земјава што ќе се соочи со проблеми во работењето кои се закана за нејзиниот опстанок. Ова го предвидува новиот Закон за решавање на банки, кој како предлог доаѓа од Министерството за финансии, а е изработен во соработка со Народната банка и со домашни и меѓународни експерти. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година