Connect with us

Business Man

Драган Тевдовски ќе работи како советник на извршниот директор на ММФ во Вашингтон, назначен од Народната банка

Објавено

на

Драган Тевдовски, поранешниот министер за финансии, ќе работи како советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, како претставник од Македонија испратен од Народната банка, потврдија за „360 степени“ од Народната банка.

Од Народната банка во својот одговор објаснуваат дека професорот е задолжен за Холандско-белгиската конституенца, во која членува и Северна Македонија, а секој од советниците на извршниот директор е задолжен за соработката на ММФ со земјата од која доаѓа, а по потреба и со други земји, зависно од насоките од извршниот директор.

Од Владата потврдуваат дека претставникот на земјата во ММФ го назначува гувернерот на Централната банка.

Драган Тевдовски пред да биде разрешен од функцијата министер за финансии беше професор на Економскиот факултет во Скопје каде што работеше од 2002 година, почнувајќи од помлад асистент, а од 2010 година се стекна со титулата доктор по економски науки, каде што предаваше квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија.

Автор е на 45 научни труда и 8 политички анализи, а некои од неговите трудови се објавени во престижни научни списанија: Economics of Transition, Economic Systems, Empirical Economics, Empirica, European Journal of International Management, Romanian Journal for Economic Forecasting, Global Labour Journal, Croatian Economic Survey и Economic Annals.

Business Man

Живко Мукаетов се стекна со нови 600 акции од Алкалоид АД Скопје

Објавено

на

Првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија, генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, г-н Живко Мукаетов се стекна со 600 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје, известува компанијата преку објава на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина

Објавено

на

Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно