Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција, со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 1.7. – 30.9.2018 година. 

Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на апликацијата E-trading, која овозможува електронско задавање налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање кориснички профил, клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, на тргувањата и на портфолиото, како и можност да го следат во реално време тргувањето на Македонската берза.

Основните карактеристики на апликацијата E-trading се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат)

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување

• преглед на портфолиото и на паричната состојба со моментално ажурирање

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време

• преглед на активни налози и e-trading барања

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)

Шпаркасе Банка посветено работи на создавање нови, иновативни современи банкарски производи за своите корисници, како потврда на својот имиџ за модерна банка и традицијата за стабилност и доверливост, веќе потврдена во регионот.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Форекс

Недела на Funderbeam во Македонска берза

Објавено

на

Македонската берза во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“ организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“

Објавено

на

Македонска берза се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе.

Македонска берза, во наредниот период ќе организира бесплатна обука на тема „Основи на анализа на финансиски извештаи“ за студенти и невработени лица во времетраење од 2 дена. Со оваа обука, учесниците ќе се запознаат и ќе ги продлабочат знаењата во врска со структурата на основните финансиски извештаи, како и алатките и техниките на изготвување и анализа на финансиските извештаи. Со овој скромен придонес, Македонска берза, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.

Линк за настанот.

Продолжи со читање

Форекс

Се очекува силен пораст на доларот и на цените на златото

Објавено

на

Со оглед на податокот дека големи шпекуланти, по правило се институции кои имаат цели тимови на аналитичари, коишто често доаѓаат до привилегирани информации, процентот на успешност на нивните предвидувања  е многу поголем од предвидувањата на поединечните инвеститори. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange