Connect with us

Осигурување

До финансиска кондиција, со Сава пензиско инвестиција! Месец на пензиско советување со Сава пензиско друштво

Објавено

на

Како дел од своите континуирани активности за едукација и промоција на капитално финансираното пензиско осигурување, Сава пензиско друштво а.д. Скопје во периодот од 17.05.2021 година до 11.06.2021 година ќе спроведе едукативна кампања „Месец на пензиско советување“, во и пред продажните места на нашите деловни соработници, Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Во овој период, наши лиценцирани агенти ќе Ви бидат достапни на рекламни пултови за да Ви дадат правилен совет за пензиско штедење и за градење на финансиска кондиција, прилагодени на Вашите потреби и очекувања, а истовремено сите наши агенти вработени во останатите продажни места на Деловните соработници ќе понудат советување за задолжителното и доброволното пензиско осигурување за сите заинтересирани постоечки и потенцијални членови на пензиските фондови.

Исто така, ќе имате можност и да ажурирате податоци, да добиете извештај за пензиска заштеда, податоци за пристап на мобилната апликација Сава пензиско план и проверка дали сте член на некој од нашите пензиски фондови.

Ве покануваме да ја искористите можноста и во “Месецот на пензиско советување“ лично да се информирате за сите информации поврзани со задолжителното и доброволното пензиско осигурување.

Распоредот на продажните места (експозитури) каде нашите тимови ќе бидат достапни на одредена дата го имате на следниот линк, додека пак листата на сите наши продажни места (експозитури на нашите Деловни соработници каде имаме овластени агенти) е континуирано објавена на овој линк.

Посетете ги и профилите на Сава пензиско друштво а.д. Скопје/ на социјалните мрежи, каде можете да се информирате за значењето на создавање финансиска кондиција за пензионерски денови.

Осигурување

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72% од вредноста на сите земјоделски штети

Објавено

на

Градот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди. Затоа што земјоделците ги препознаваат градот и мразот како најголеми опасности најмногу вложуваат во осигурување од овие ризиците. За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна 5 милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Standard & Poor’s го потврдија „А“ рејтингот на Сава Ре и Заваровалница Сава

Објавено

на

Согласно редовниот годишен преглед на рејтингот, Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс го потврди силниот рејтинг „А“ за финансиска моќ на Сава Ре а.д. и Заваровалница Сава а.д. Како што се наведува, прогнозата е „ стабилна “. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснаа за 87,5 %, достигнаа 1,5 милиони евра

Објавено

на

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно