Connect with us

Странски банки

Дојче банк ќе им плати на САД казна од 100 милиони долари

Објавено

на

Германската „Deutsche bank” се согласи пред американски суд да плати казна во износ од над 100 милиони долари, со цел да избегне кривичен процес по обвинението дека била дел од меѓународна коруптивна мрежа за добивање бизниси во Саудиска Арабија.

Адвокати на „Deutsche bank”, која одамна има деловни врски со американскиот претседател Доналд Трамп, го потврдија тоа во видео-конференција со федералниот американски суд во Њујорк.

Според судските документи, „Deutsche bank” ги поткупувала посредниците со цел да добие бизниси во Саудиска Арабија, заведувајќи ги исплатите како „придружни такси”.

Портпаролот на банката Ден Хантер изјави дека договорот за прекин на кривичното гонење покажува дека компанијата преземала одговорност за своите потези и нејзината соработка со американските федерални власти „ја одразува транспарентноста и подготвеноста на банката тие прашања да ги остави далеку зад себе”.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно