Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите.
„Во иднина повеќе не сакаме да нудиме готовина во нашите филијали, бидејќи чувањето готовина во филијалите предизвикува трошоци“, изјави Ларс Стој, директор на одделот за домашни приватни клиенти на најголемата германска банка.
„SEEbiz” пишува дека новиот план на германската банка многумина го гледаат како јасен чекор назад за клиентите.
„Главна задача на филијалата е продажба, советување клиенти за инвестиции, хипотеки, донекаде потрошувачки кредити и осигурување. Тогаш филијалите повторно ќе бидат профитабилни“, заклучи Штој.
Според плановите, „Deutsche bank” сака да понуди готовина само во неколку најголеми филијали. Во повеќето филијали на „Deutsche bank”, парите треба да се достапни само на банкомати.
„Deutsche bank” ги потврди овие наводи за неколку германски медиуми. Портпаролот на банката објасни дека банката ќе го намали бројот на лични готовински расходи во филијалите како дел од нејзината стратешка трансформација во Германија.
Според германската банка, овие планови се одговор на промените во однесувањето на клиентите.
„Кога станува збор за плаќање и за ракување со готовина воопшто, постои јасен тренд на безготовинско плаќање. Клиентите имаат пристап до националната мрежа на банкомати за снабдување со готовина, а парите може да се подигнат и при купување во многу супермаркети или бензински пумпи“, велат од „Deutsche bank”.
Странски банки
НЕОЧЕКУВАНО – Турската централна банка ги намали каматните стапки на 13%


Tурската централна банка неочекувано ја намали основната каматна стапка за 100 базични поени на 13%, наведувајќи го забавувањето на економската активност. (more…)
Странски банки
Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 проценти


Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата. (more…)
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје