Странски банки
Дојче банк предлага воведување на данок за работа од дома!?


Работата од дома мора да се оданочи за да им помогне на работниците кои се изложени на ризик, стои во нови извештај на „Deutsche bank” во кој економистите на банката предлагаат данок од пет проценти од платата на работникот доколку одлучи да работи од дома.
Данокот ќе го плаќаат работодавците, а остварениот приход ќе се исплатува на луѓето кои не можат да ја работат својата работа од дома. Тоа може да генерира 48 милијарди долари доколку се воведе во САД и ќе помогне во воспоставувањето рамнотежа, соопшти банката.
Се тврди дека тоа е фер, бидејќи оние што работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што одат на работа.
Во Велика Британија, „Deutsche bank” проценува дека данокот ќе генерира 6,9 милијарди фунти годишно, што може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок.
„Со години ни треба данок за работници од дома”, напиша стратегот на „Deutsche bank”, Лук Темплмен.
„Ковид само што го покажа тоа. Едноставно, нашиот економски систем не е создаден да се справи со луѓе кои можат да се отцепат од општеството.”, додаде тој.
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
Странски банки
Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти


Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје