Connect with us

Странски банки

Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите

Објавено

на

„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари).

Германскиот кредитор ги надмина очекувањата од консензусот меѓу аналитичарите, агрегирани од „Refinitiv” за добивка од 960,2 милиони евра и значително се подобри во однос на добивката од 692 милиони евра за истиот период минатата година.

Вкупните приходи изнесуваат 6,6 милијарди евра, што е за 7% повеќе од 6,2 милијарди за истиот период минатата година.

Вкупните трошоци беа 4,87 милијарди евра, што е намалување за 3% од 4,998 милијарди за вториот квартал од 2021 година.

Приносот на материјалниот капитал беше 7,9%, што е зголемување од 5,5% пред една година.

Соодносот на капиталот CET1, мерка за солвентноста на банките, беше 13%, од 12,8% во првиот квартал.

„Со најдобриот полугодишен профит од 2011 година, докажавме – уште еднаш – дека можеме да постигнеме раст и зголемен профит во предизвикувачко опкружување“, рече извршниот директор на „Deutsche Bank”, Кристијан Севинг во изјавата.

„Особено сме задоволни од напредокот на нашата Корпоративна банка и Приватната банка. Благодарение на нашата успешна трансформација, на добар пат сме да обезбедиме одржливи и добро избалансирани приноси преку нашите четири силни основни бизниси“, додаде Севинг.

Главниот финансиски директор Џејмс фон Молтке, исто така, изјави за CNBC во средата дека двигателите на растот на профитот биле силни во основните бизниси на банката.

„Тој моментум за кој зборувавме во минатиот квартал, сигурно се пренесе во вториот квартал. Нашата корпоративна банка забележа раст од 26% на годишно ниво, поттикната не само од промените на каматните стапки, туку и од растот на обемот, растот на приходите од провизии“, рече тој.

„Инвестициската банка се претстави многу добро со 11% (раст) и 32% во нашиот бизнис FIC (фиксен приход и валути), така што успеавме да се движиме на овие пазари и да ги искористиме трендовите”, додаде Џејмс фон Молтке.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно