Connect with us

Криптовалути

Дојче Банк: Невозможно е да се игнорира биткоинот

Објавено

на

Уште во есента минатата година, стратегот на „Deutsche bank“, Џим Рид, објави неизбежност за понатамошен раст на вредноста на најпознатата криптовалута биткоинот.

Според овој експерт, биткоинот сè повеќе ќе се гледа како безбедно засолниште од растечките ризици на инфлација. Затоа, интересот за оваа дигитална валута брзо ќе расте, изјави Рид.

Околу шест месеци подоцна, група аналитичари од истата германска банка објавија извештај во кој се наведува дека е невозможно да се игнорира биткоинот. Неговата вкупна вредност веќе надмина еден трилион (1.000 милијарди) долари, а влијанието на овој инструмент значително се зголеми во споредба со минатата пролет.

Вредноста на биткоинот ќе продолжи да расте кога новите компании за управување со средства ќе влезат во крипто-сферата, велат аналитичарите на „Deutsche bank“, но предупредуваат дека биткоинот ќе остане нестабилен инструмент, пренесува „SEEbiz”.

Употребата на биткоин како платежно средство денес е значително помала во споредба со фиат парите, како што се јапонскиот јен или британската фунта.

Меѓутоа, ако модернизацијата на глобалниот финансиски систем се забрза, бројот на трансакции со биткоин при плаќање на стоки и услуги може да стане пропорционален на износот на готовина, се наведува во извештајот.

Криптовалути

МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути

Објавено

на

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути

Објавено

на

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. (more…)

Продолжи со читање


Популарно