Connect with us

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период.

Соединувањето на овие два банкарски гиганти може да резултира со огромно намалување на трошоците, особено со затворање на филијалите. Но, експертите велат дека интеграцијата на компаниите би била комплицирана и ризична.

Германската влада посакува да се финализира ова можно спојување, пренесува ББС. Државата сè уште поседува 15,5% од акциите во Комерцбанк, стекнати откако банката беше обновена по финансиската криза.

Извештаите велат дека германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, ги охрабри банките да размислат за спојување, бидејќи смета дека на Германија и е потребен национален шампион во банкарскиот сектор.

Комбинирано, овие две банки ќе имаат една петтина од германското банкарско работење и ќе контролираат 1,8 билијарди евра од средства, како што се заеми и инвестиции.

“Она што е важно за мене е дека ние ќе одиме само за опции кои имаат економска смисла, работејќи на напредок за банката, исто како што го направивме во 2018 година”, изјави извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Шивинг во писмо до вработените.

Дојче банк се бореше да генерира раст, најмногу поради загубите од инвестициското банкарско работење во САД. Комерцбанк, исто така имаше потешкотии во растот и профитирањето.

Двете банки се соочуваат со економското забавување во Еврозоната и Германија, каде што, на крајот од минатата година, економијата едвај успеа да ја избегне рецесијата.

Критичарите за спојувањето на двата банкарски гиганти велат дека комбинирањето на двете најголеми банки со проблеми би создало само еден банкарски гигант со уште поголеми проблеми.

Исто така, договорот за спојување се соочува со отпор од синдикатите кои се плашат дека повеќе од 10.000 вработени може да останат без својата работа доколку се реализираат најавите.

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на малите и средните претпријатија на Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Commerzbank ќе затвори повеќе од половина од своите филијали низ Германија!?

Објавено

на

Според „Börsen-Zeitung”, извршниот одбор на германската „Commerzbank AG” планира да затвори повеќе од половина од 1.000-те филијали низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, се планира да се намалат речиси 10.000 работни места од вкупно 32.792 колку што во моментов брои германскиот банкарски гигант. (more…)

Продолжи со читање

Популарно