Connect with us

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти.

Договорот е дел од инвестицијата во висока технологија вредна 13 милијарди евра (14,7 милијарди долари), што „Deutsche bank” планираше да ја спроведе најдоцна до 2022 година.

„Google“ и „Deutsche bank” потпишаа писмо за намери и планираат да потпишат повеќегодишен договор во наредните неколку месеци, соопшти банката.

Партнерството ќе и овозможи на „Deutsche bank” да ја забрза својата технолошка транзиција, а ќе придонесе и за надградување на инженерските способности на двете компании. Заедно со „Google Cloud”, „Deutsche bank” ќе ја трансформира својата ИТ-архитектура и со тоа ќе создаде значителна вредност за своите клиенти. Повеќегодишната трансформација и оптимизација на тековните системи на банката ќе се одвиваат низ неколку фази. Двете страни се посветени на почитување на приватноста и регулативата за заштита на податоците за одржување на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците за клиентите и информативните средства на „Deutsche bank”.

Со ова партнерство, германската банка, исто така, ќе добие директен пристап до науката за податоци (data science) од светска класа, вештачка интелигенција и машинско учење за подобро оплужување на своите клиенти. Потенцијалните придобивки вклучуваат помагање на клиентите кои работат со трезорот на банката преку дневни задачи, како што се прогнозирање на протокот на пари, подобрена аналитика на ризик и напредни решенија за безбедност за заштита на сметките на клиентите. За приватниот банкарски бизнис, дигиталните и интуитивните решенија ќе бидат во фокусот, за да се поедностави интеракцијата помеѓу клиентите и вработените.

Извор запознаен со темата изјави за „Reuters” дека „Deutsche bank” очекува ова партнерството да и генерира повеќе од милијарда евра (1,13 милијарди американски долари) во акумулираната заработка во текот на следните десет години.

„Повеќе од 150 години, „Deutsche bank” е пионер во индустријата, со силен рекорд на иновации во секторот финансиски услуги“, рече Сандар Пичаи, извршен директор на „Google“ и „Alphabet“. „Ние сме возбудени за нашето стратешко партнерство и можноста „Google Cloud” да биде корисна алатка за „Deutsche bank” и нејзините клиенти, бидејќи тие ја развиваат својата деловна активност и ја креираат иднината на индустријата за финансиски услуги“, додаде Пичаи.

„Партнерството со „Google Cloud” ќе биде важен двигател на нашата стратешка трансформација“, рече Кристијан Севинг, извршен директор на „Deutsche bank”. „Тоа ја покажува нашата решеност да инвестираме во подобрување на нашата технологија бидејќи нашата иднина е силно поврзана со успешна дигитализација. Има исто толку приказни за приходите колку и за трошоците“, додаде Севинг.

Одлуката за партнерство со „Google“ следи по интензивни дискусии и должно внимание во текот на изминатите пет месеци. Во февруари 2020 година, „Deutsche bank” ги покани речиси сите најголеми даватели на Клауд (облак) услуги да и предложат партнерство како дел од својата мулти-продавачка облак стратегија.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно