Connect with us

Останато

Дојче банка ги прекинува сите деловни врски со Доналд Трамп!?

Објавено

на

„Deutsche bank” се обидува да излезе од кредитните аранжмани со Доналд Трамп, потврдија за „Reuters” добро информирани извори од банката.

Станува збор за 340 милиони долари, што е износот на трите преостанати заеми што беа одобрени на „Организацијата Трамп“, со која сега управуваат двајцата синови на Трамп.

Иако заемите доспеваат во 2023 и 2024 година, и германскиот банкарски гигант нема страв дека Трамп можеби нема да може да ги врати парите, сепак банката сака да се повлече од зделката со Трамп во променетите политички околности по претседателските избори што ги доби неговиот противкандидат, Џо Бајден.

Од претходно беше познато дека „Deutsche bank” ги преиспитува своите бизнис конекции со Трамп, но неговата неодамнешна ревност да ги прекине сите врски и контури на дискусии во време на изборите не беа претходно објавени, се наведува во написот на „Reuters“.

„Врските на Доналд Трамп со „Deutsche bank” траат подолго од кој било негов брак и се скриени во голема тајност“, се вели во извештајот на „Financial Times”.

Во 1998 година, банката му позајми на Трамп најмалку 2 милијарди долари, изјави висок службеник на германската банка за „Reuters”.

Останато

Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

Објавено

на

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР со милијарда евра помош за Украина

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Се одржа финалето на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно