Connect with us

Анализи

Досегашниот развој на EOS Matrix испраќа силна порака

Објавено

на

EOS Групацијата и покрај падот на приходите од 7,1% сепак успешно ја комплетираше фискалната 2020/21 година. Заработката пред оданочување е поставена на охрабрувачко ниво во целина. На 534,3 милиони евра инвестициски обем во побарувања, се забележува намалување на откупувањето во однос на претходната година (651,3 милиони евра), на ниво помало од планираното како резултат на пандемијата, но од групна перспектива постојаното високо ниво продолжува и понатаму.

Како и претходната година, и во фискалната 2020/21 EOS Matrix остана стабилен. Пријавен е нето приход од 223,8 милиони евра, само 17,1% под резултатот од претходната година и покрај сите предизвици со кои компанијата се соочи на групациско ниво.  

Минатата година успеавме да им помогнеме на околу 2000 наши сограѓани и со напорите се обидовме да го направиме нивниот свет подобар, без долгови. Оттука произлегува и посветеноста на ЕОС кон општеството и одговорноста, а клучните корпоративни одоворности за нас беа и остануваат уште подобра и поодговорна наплата на побавурањата, климатските промени, и многу други кои придонесуваат кон подобрување на општественото живеење, а со тоа активно придонесуваме кон развојот на општеството.” – вели Д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија и Косово.

 

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: За девет месеци од годинава македонските банки заработиле исто колку лани за цела година

Објавено

на

Македонските банки се алфа и омега во споредба со сите останати компании кога е во прашање профитабилноста. Додека кризата навлезе во сите сфери на општеството и целиот бизнис сектор се соочува со намалени приходи и стопени профити, банките и понатаму од година во година рушат рекорди по заработка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е НАЈПРОФИТАБИЛЕН! – Колку заработија водечките три банки заклучно со третиот квартал на 2021 година?

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека заклучно со третиот квартал на 2021 година водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка) оствариле добивка од 79 милиони евра, што претставува зголемување за високи 21,63% во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2020 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно