Connect with us

Платежни картички

3DES Secure: Комерцијална банка воведе дополнителна заштита при купување преку Интернет

Објавено

на

Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката ќе Ви испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што сте го пријавиле. Кодот за верификација ќе треба да го внесете за Вашата трансакција да биде успешно завршена.

Со цел да ја подобри безбодноста за своите корисници, Банката го воведе 3DES Secure системот.

3DES Secure системот врши автоматска компјутерска анализа на секое Интернет плаќање со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата. Препознаен како највисок меѓународен стандард за заштита на интернет трансакции е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката.

3DES Secure протоколот кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките под името Verified by Visa.

Mastercard SecureCode®  и Verified by Visa, е највисок меѓународен стандард за заштита кој Комерцијална банка го воведе како дополнително ниво на безбедност, а со цел да овозможи целосна доверба додека пазарувате на Интернет. Голем број домашни и светски интернет продавници (сајтови) се сертифицирани и ја поддржуваат 3DES Secure технологијата. Се препознаваат по тоа што на својата веб-страница ја имаат објавено ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет купување.

Доколку системот (врз база на вештачка интелигенција) процени дека одредена трансакција е ризична или нестандардна за корисникот, Банката на корисникот на картичката ќе му прати СМС порака со верификациски код. Корисникот на картичката требa да го внесе верификацискиот код во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.

Пораката што се појавува на екранот во ваков случај е следната:

За да можете да ја користите оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е да ги ажурирате своите податоци со бројот на вашиот мобилен телефон. Ажурирањето можете да го направите преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

Mastercard SecureCode®, Verified by Visa и Комерцијална банка АД Скопје никогаш нема да Ви испратат e-mail со барање да ги ажурирате своите податоци од која било причина. Ако добиете таков e-mail, тоа е обид за измама и треба веднаш да пријавите во Банката на телефонскиот број кој се наоѓа на заднината на картичката (02/3247-474).

Платежни картички

PayPal ќе стане прв избор на корисниците

Објавено

на

Нема сомнение дека малите фирми за Fintech и големите технолошки компании влијаат на начинот на кој потрошувачите го прават своето банкарство. Од решенијата за дигитални заштеди за исплата на P2P и единствени алтернативи за кредитирање, традиционалните банки се под напад од сите правци во скоро секоја категорија производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

6 лекции за банкарската индустрија од American Express

Објавено

на

American Express стана господар за добивање на најмногу од секоја фаза од патувањето на клиентите, од апликациите за сметки и одобрувања, до ангажирање и упатување. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Black Friday “лудилото” на Grouper започнува денес!

Објавено

на

Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk, најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне!

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange