Connect with us

Останато

Донирајте го повратот на ДДВ од првиот квартал годинава во борба против Ковид-19

Објавено

на

Започнувајќи од денес, физичките лица корисници на апликацијата „МојДДВ“ ќе можат да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против вирусот Ковид 19.

За остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијата МојДДВ, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

Во апликацијата на располагање ќе бидат две опции ‘‘ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и ,,НЕ, благодарам’’ а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до 5-ти мај 2020 година. Физичките лица кој ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај.

Управата за јавни приходи од 6 мај 2020 година ќе започне со исплата на парични средства за првиот квартал од 2020 година.

Над 250.000 граѓани во периодот од јануари до март ги скенирале своите сметки, учествувале во борбата против сивата економија и со тоа оствариле вкупен поврат од 5.6 милиони евра.

Министерката за финансии, објави податок дека за само неколку часа над 600 граѓани одлучија дека го донираат својот ДДВ поврат и се заблаодари за оваа иницијатива на сите граѓани и компании кои покажуваат солидарност.

На еден или друг начин, секој може да придонесе – секој во рамки на своите можности. Солидарно, здружено, заедно! – само така ќе се избориме со корона кризата и ќе излеземе посилни” – вели Ангеловска.

Останато

Германски “ЛИДЛ” го отвора првиот супермаркет во Охрид, Македонија?

Објавено

на

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свој супермаркет и во Македонија, објави InStore. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Објавено

на

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“,  воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Црна Гора има 62 милионери

Објавено

на

Во Црна Гора има 62-ца милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБГ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно