Домашни банки
Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија


Работењето од дома, кое ни го наметна корона пандемијата, претставува ненадејна промена за многумина и прилагодувањето на ваквата работа за некои би можело да биде голем предизвик.
Вистина е дека при работа од дома и не постои точно одредено работно време, па така може да се случи да работите цел ден и воопшто да немате време да завршите каква било друга обврска. Еден од најголемите предизвици кои доаѓаат со работата од дома е минимизирањето на одвлекување внимание. Клучно е да се придржувате до вашата вообичаена работна рутина која вклучува станување во одредено време, туширање, појадок, кафе и започнување со работа во исто време како и обично. Обидете се да останете во рутина и да не додавате обврски кои во принцип не би ги правеле додека сте на работа. На овој начин ќе успеете да ги исполните сите работни обврски во тек на работното време и кога часовникот ќе го означи неговото завршување, вие ќе можете останатото време да го посветите на себе и вашите најблиски.
Од особена важност е да не ги занемарите вашите паузи за кафе, чај или ручек.
За време на паузата, дозволете си да ги извршите сите плаќања кои би ви одземале повеќе време во чекање редици и плаќање на шалтер. Донесете ја банката во вашата домашна канцеларија со можностите што ги нуди електронското банкарство на Халкбанк. Не само што е полесно и побрзо, туку е и побезбедно. Е-банкарството на Халкбанк овозможува вршење увид во моменталната состојба на сметката, извршените трансакции и моментална состојба на платежната картичка, вршење секакви плаќања, плаќање режиски трошоци, уплата на сметка на буџетски корисник и директна уплата на други сметки, и сето тоа од удобноста на вашиот дом. На овој начин ќе го заштедите слободното време, а истовремено ќе се заштитите себеси и вашите најблиски.
Со цел да се обезбеди висок квалитет и да се биде во чекор со модерните трендови, Халкбанк, исто така нуди и мобилно банкарство кое е достапно за таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем и каде се достапни сите услуги како и на десктоп компјутер. Потребна е само интернет конекција и сите обврски можете да ги завршите од каде било, во кое било време. За полесно совладување на чекорите на електронското и мобилното банкарство, Халкбанк постави и видео туторијали на својот YouTube канал.
За Халкбанк се важни луѓето, нивното здравје и добросостојба.
Домашни банки
Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје
Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”


Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)
Домашни банки
УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници


Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје