Connect with us

НБРМ

Донесени регулаторни измени: Се овозможува поголема флексибилност за банките и штедилниците заради олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа вонредна електронска седница на која донесе регулаторни измени насочени кон привремено олеснување на финансискиот товар на граѓаните и компаниите корисници на кредити коишто веќе се соочуваат или во наредниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во подмирувањето на своите обврски кон банките и штедилниците, предизвикани од состојбата со коронавирусот.

Со донесените измени им се дава дополнителен регулаторен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови за постојните кредити на оние кредитокорисници – физички и правни лица, коишто пред 29 февруари 2020 година немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални, а во претстојниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во подмирувањето на своите обврски.

Поконкретно, измените значат поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во поповолна насока за клиентите, во зависност од процената на потребата и финансиската способност на секој поединечен кредиторокорисник. Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата. 

Промените на договорните услови извршени до 30 септември 2020 година, во согласност со донесените регулаторни измени нема да се сметаат за реструктурирање на кредитната изложеност. Со тоа, на граѓаните и компаниите коишто до почетокот на март немале проблем со отплатата на кредитите им се овозможува и непречен натамошен пристап до кредитна поддршка.

Истовремено, со регулаторните измени се олеснува и условот за класификација на одреден кредит како нефункционален. Наместо тековниот пристап согласно со кој банките и штедилниците имаат обврска како нефункционални да ги евидентираат кредитите кои се со задоцнување подолго од 90 дена, сега критериумот за премин во нефункционално побарување се поместува на 150 дена. Притоа, овој третман банките и штедилниците исто така ќе можат да го применат само за оние кредитокорисници кои до крајот на февруари 2020 година не се соочувале со проблеми во отплатата. Ова регулаторно олеснување е исто така од привремен карактер и најдоцна до 31 декември 2020 година, банките и штедилниците ќе имаат обврска целосно да се прилагодат на постојните критериуми за утврдување нефункционални кредити.

Во моментов се утврдува и процедура за комуникацијата на клиентите со банките и штедилниците во врска со промената на договорните услови за кредитите, за да се овозможи таа да се одвива на начин со којшто навремено ќе се одговори на сите барања на граѓаните и компаниите коишто имаат потреба од тоа, и притоа да биде заштитено јавното здравје. Веднаш штом процедурата биде утврдена, јавноста ќе биде информирана, за граѓаните и компаниите коишто имаат потреба од промена на договорните услуги, да можат соодветно да постапат.

Народната банка постојано го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и е подготвена постојано соодветно да ги приспособува политиките и соодветно навремено да реагира во согласност со своите надлежности.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно