Connect with us

Осигурување

ДОМИ Комплет – продукт од Eуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

Објавено

на

ДОМИ Комплет е продукт за осигурување на домот од Еуролинк осигурување што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. Создаден да обезбеди функционалности комфор на домот наспрема непредвидливите ризиците како што се пожар, кражба, поплава по кои може да дојде до голема или целосна загуба, ДОМИ Комплет го заштитува животното вложување во домот и обезбедува безгрижност секој ден.

Покрај обезбедувањето од ризици, ДОМИ Комплет обезбедува заштита од одговорност кон трети лица, на пример при штети во домот што се пренесуваат кај соседите.

„Во случаите кога има штета во домот, особено кога се тоа целосно оштетени домови, сведоци сме дека семејствата доаѓаат во положба да бараат помош од соседи, пријатели, од институциите, затоа што се наоѓаат во безизлезна ситуација. Со ДОМИ Комплет ние им овозможуваме на граѓаните да не се најдат никогаш во ваква ситуација. Со полисата за станбено осигурување, компанијата е таа што презема одговорност и обезбедува конкретна финансиска помош за санирање на последиците“, велат од Еуролинк осигурување.

Токму од овие причини, осигурувањето на домот е практика во развиените земји, каде што и до 95% од сопствениците на домови се осигурени, а во просек 1 од 20 осигурени домови има некакво побарување поради штета во текот на годината. Најчести причини за оштетно побарување се пожар или оштетување на имотот поради кражба. Кај нас, иако од година во година свеста за неопходноста од осигурување на домот расте, сè уште само околу 10% од сите станбени објекти се осигурени.

Новина кај полисите ДОМИ Комплет е можноста за склучување 3-годишен договор за лојалност. Со ова со една полиса, граѓаните си обезбедуваат осигурување за своите домови без да се грижат за роковите и истекување на осигурителното покритие. Полисата за ДОМИ Комплет е достапна со бенефицирана цена од 1200,00 денари за првата година доколку се осигури и автомобил од задолжителна автоодговорност. Цената од 1200,00 денари за првата година е достапна за сите три пакети Стандард, Комфор и Мега и за сите квадратури, со што се овозможува значителна заштеда за граѓаните што ќе се одлучат да склучат ваков вид пакет за лојалност.

Еуролинк осигурување ги повикуваат сите граѓани да се информираат за придобивките од осигурување на домот, да ја заштитат својата најголема инвестиција навреме и да си обезбедат безгрижност. Повеќе информации се достапни на: http://eurol.ink/DOMI.

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно