Connect with us

Домашни банки

ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА – Стопанска банка АД – Скопје со рекордна добивка од 40 милиони евра во 2021 година

Објавено

на

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД Скопје со пресечен датум 31.12.2021 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2 728 833 илјади денари и во однос на претходната година бележи зголемување за 25%. Ваквиот резултат претставува континуитет на повеќегодишното успешно работење на Банката кое се заснова на нејзините здрави деловни фундаменти поткрепени со применетиот успешен бизнис-модел, силната капитална позиција, прудентното управување со ризиците и применетите принципи на добро корпоративно управување.

Финансискиот резултат е остварен во услови на органски раст на активата на Банката, како и преземени активности и мерки за раст на бизнис-активностите во согласност со нејзината деловна политика.

Вкупната актива на Банката на 31.12.2021 г. изнесува 114.102.699 илјади денари и, споредена со крајот на 2020 година, е повисока за 8%.

Во услови на пандемија која продолжува и понатаму, раководството на Банката и сите нејзини вработени се активно вклучени во обезбедување услови за непречено функционирање на целата инфраструктура, како и за поддршка на потребите на сите клиенти, на економијата и општеството во целина. Главен фокус е ставен на подобрување на дигиталната инфраструктура, која во дадените услови претставува неопходност, а истовремено е и пат кон иднината. Банката продолжува активно да го следи развојот на кризата и да ги презема сите неопходни мерки и активности.

Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции на финансиските извештаи на Стопанска Банка АД Скопје.

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат МКД 3.844.041 илјади и се зголемени за 3% во однос на истиот период од минатата година, пред сѐ како резултат на кредитните активности и зголемувањето на кредитното портфолио. Трендот на ниски каматни стапки продолжи и во 2021 година, при што влијанието е поизразено кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат МКД 831.490 илјади денари и се зголемени за 13 % во однос на анализираниот период во 2020 година, пред сè поради зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на платните сервиси и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 8% и изнесуваат МКД 110.078 илјади, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 31% и изнесуваат МКД 463.220 илјади.

Во исто време, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци од работењето на релативно исто ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 890.490 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 798 796 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 772.417 илјади денари, која е намалена за 20% во однос на истиот период од претходната година.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува МКД 114.102.699 илјади денари и е поголема за 8% во однос на 2020 година.

Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2020 година се повисоки за МКД 3.491.192 илјади денари, односно за 20%, како резултат на зголемената ликвидност.

Кредитите на и побарувања од други комитенти нето остварија пораст од 10% и изнесуваат МКД 78.037.088 илјади.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат МКД 278 118 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2020 година за 24 %.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат МКД 12.297.667 илјади денари, што претставува намалување од 16% во однос на минатата година, поради пренасочување на овие средства во кредитни активности во согласност со деловната политика на Банката.

Останатите побарувања забележаа пораст од 5% и изнесуваат МКД 1.562.418 илјади.

Вкупните депозити на други комитенти остварија пораст од 4%, односно се зголемија за МКД 3.050.762 илјади и на крајот на 2021 година изнесуваат МКД 89.673.439 илјади.

Капиталот и резервите изнесуваат МКД 19.792.339 илјади денари, што претставува зголемување за 14% во однос на крајот на 2020 година.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Недвижностите и опремата бележат намалување за 1%.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат МКД 1.686.298 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2020 година за МКД 1.156.758 илјади, пред сѐ поради искористување на поволните услови од расположливите кредитни линии.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно