Анализи
Домаќинствата на банките им должат над 3 милијарди евра за кредити

Задолжувањето на македонските граѓани во банките е загрижувачко гледајќи ги статистичките податоци на Народната банка во извештајот за месец октомври претходната година. Задолжувањето на граѓаните на трансакциските сметки по основ на позајмици и долгови по кредитни картички чинат приближно колку вкупната цена на автопатот Кичево Охрид.
Македонците се во минус од 217 милиони евра на своите тековни сметки. По основ на кредитни картички должат уште 378 милиони евра.
Вкупниот долг на домаќинствата во земјава изнесува близу 3 милијарди евра. Половината од долгот е по основ на потрошувачки кредити за кои банките не бараат поголеми гаранции, ниту пак прашуваат за намената на парите. Дури третина од банките изминатата 2019 година ги олесниле условите за овие кредити.
Претходната година, банките нуделе најдобри услови за станбени кредити во псоледните пет години. Но, задолжувањето по основ на станбен кредит е многу помало во споредба со потрошувачките кредити, кредитните картички и дозволеното пречекорување, пари кои ги користат граѓаните пред се за трошење, а не за инвестиции. За станбени кредити граѓаните должат 804 милиони евра и уште дополнителни 14 милиони евра за реновирање.
Податоците на Народната банка покажуваат дека Македонците најмалку бараат кредити за да купат нов автомобил. По овој основ должат само 5 милиони евра.
Прогнозите за годинава се дека кредитирањето ќе расте. Дополнителен импулс за повеќе кредити можат да дадат државните мерки за зголемување на платите што ќе ја зголеми кредитната способност на граѓаните.
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Зголемен интересот за осигурување при земање банкарски заем од приватни лица – Триглав Осигурување Живот на врвот на листата со продадени полиси за осигурување на кредитобарателите

Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето извести за движењата во третиот квартал од минатата година на осигурителниот сектор, Банкарство.мк направи свој краток осврт за тоа какви се резултатите на компаниите кои се грижат за сигурноста на нашите граѓани, а какви се и искуствата на клиентите, кои се нивните потреби и кое е нивото на култура за инвестирање и осигурување кај нас. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка