Connect with us

Анализи

Домашна платежна картичка – решение за поддршка, но и пат кон безготовинско општество без неформална економија?

Објавено

на

Неодамна пред граѓаните, Владата на Репyблика Северна Македонија го објави третиот сет економски мерки со кои ќе бидат опфатени 730.000 корисници, а вкупната помош за економијата од трите сета мерки, заедно со капиталните инвестиции и поддршката на јавната потрошувачка се планира да изнесува 1 милијарда евра, што е близу 10% од БДП.

Интегрален дел од мерките претставува имплементација и издавање на домашна платежна картичка за граѓаните. Согласно критериумите кои ги претстави Владата, оваа мерка ќе биде достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Невработените лица ќе добијат по 9.000 денари за купување македонски производи и услуги, додека вработените лица со месечени примања до 15.000 денари, студентите и средношколците ќе добијат домашна платежна картичка со 3.000 денари која исто така, ќе може да се искористи за купување македонски производи и услуги.

Деталите веќе интензивно се разработуваат на иницијатива на Министерството за финансии, во соработка со банките, преку Македонската Банкарска Асоцијација и секако со вклученост на регулаторот – Народната банка.

Со домашната платежна картичка ќе може да се плаќаат домашни производи и услуги кај оние сектори кои се највеќе погодени од кризата (според шифра на дејност), а воедно ќе биде забрането да се подигнуваат пари на АТМ и да се користат картичките за плаќање надвор од земјата. Средствата кои граѓаните ќе ги добијат како финансиска помош ќе треба да се потрошат во определен рок. Платежната картичка се планира да ја издаваат банките, а истата да биде од интернационален картичен бренд.

Процесот на реализација на идејата за домашна платежна картичка според иницијалната замисла, ќе биде во соработка со банките, а повикот ќе биде отворен за сите комерцијални банки кои ќе изразат интерес за вклучување во проектот, односно за издавање на платежната картичка.

„Долгорочната визија е дека мораме да се движиме побрзо кон безготовинско општество, и ова е нешто со што сите се согласуваме – и Владата и банките и Народната банка. И пред почетокот на кризата, Министерството за  финансии во сорабтока со Народната банка работеше на акциски план за намалување на готовината во оптек, а сега имаме можност да ја забрзаме трансформацијата кон безготовинско општество. Безготовинските плаќања значат помала можност за неформална економија и посовремено општество и поради тоа сметаме дека бенефитите освен на краток рок се добри и на долг рок и се однесуваат за сите граѓани. Тие ќе добијат финансиска поддршка преку платежна картчка со која ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, притоа зголемената приватна потрошувачка ќе влијае на ублажување на ударот врз економијата и ќе им помогне на компаниите. Верувам дека ова ќе влијае позитивно и на навиките и преференциите на граѓаните за плаќање со картички, а од друга страна и на стимулирање на што повеќе компании да имплементираат ПОС терминали со цел да ги прифаќаат картичките и да може да ги опслужат клиентите. Тоа особено треба да дојде до израз периодов кога голем дел од банките воопшто не наплатуваат месечни трошоци за одржување на ПОС терминалите, без оглед на висината на реализираниот промет, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска за Банкарство.мк.

Платежната картичка ќе биде посебна, поврзана за основна трансакциска сметка која граѓаните ја имаат во некоја од комерцијалните банки, или пак ќе биде врзана за посебна наменска сметка или под-сметка на веќе постоечка сметка која граѓанинот ја користи во некоја од банките. На овој начин ќе можа да се постават критериумите за каде може да се плаќа со картичката, односно да се фокусира потрошувачката кон погодените сектори, кон домашните услуги и производи.

Изминатите денови и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, исто така, најави парична поддршка за младите во Македонија со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард, како и на куповната моќ. Еден дел од мерките претставува домашна платежна картичка со расположлив износ од 3.000 денари, која ќе биде наменета за студентите и ќе се користи исклучиво за купување на домашни производи и услуги во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата.

Краткоточките ефекти од воведувањето на домашна платежна картичка се поддршката на најпогодените граѓани и поддршката на најпогодените сектори во домашната економија, додека на долг рок се очекува силно влијание и исцртување на патот кон безготовинско општество, притоа силно влијаејќи кон намалување на сивата економија и едукација на граѓаните за користење на предностите од современиот начин на функционирање и извршување на секојдневните активности.

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте компании со најголеми добивки во првите три месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаб прв квартал од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 март 2020 година три се банки, од кои две се наоѓаат во топ три. (more…)

Продолжи со читање

Популарно