Connect with us

Форекс

Доларот ја зголемува вредноста втора недела по ред!

Објавено

на

На светските пазари, претходната недела вредноста на доларот во однос на кошницата со валути порасна втор пат по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат дека благодарение на новите стимулативни мерки, американската економија ќе закрепне од корона кризата побрзо од предвиденот и пред другите држави.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон останатите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 проценти, на 91,03 поени и во еден момент достигна 91,60 поени, што е највисоко ниво во последните два месеци.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,65 проценти на 105,40 јени.

Американската валута исто така, зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се намали за 0,75 проценти на 1,2045 долари, и во еден момент, за прв пат по два месеци, се спушти под нивото од 1,20 долари.

Во текот на претходната недела, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути растеше од ден на ден, поддржана од очекувањата на инвеститорите дека заздравувањето на американската економија ќе биде посилно отколку во другите големи светски економии.

Инвеститорите исто така, се надеваат дека Конгресот на САД наскоро ќе го прифати пакетот од 1,9 трилиони американски долари за фискален стимул на американскиот претседател Џо Бајден, за кој очекуваат да го поддржи закрепнувањето на економијата.

Во таква атмосфера се зголемија приносите на американските обврзници со подолг рок на достасување, што исто така обезбеди поддршка за американската валута.

Во јануари, бројот на вработени во САД се зголеми за само 49.000, помалку отколку што се очекуваше, додека ревидираните податоци за декември покажаа дека во тој месец се изгубени повеќе работни места отколку што првично беше објавено.

Ова укажува на бавно закрепнување на пазарот на трудот, кој беше силно погоден од коронакризата. Имено, во јануари, во споредба со истиот период минатата година пред избувнувањето на коронакризата, имало скоро 10 милиони помалку вработени Американци.

Благодарение на растот во последните неколку недели, доларот во однос на кошницата со валути во плус од 1,2 отсто од почетокот на годинава, откако лани ослабе за околу 7 проценти.

Форекс

На „Инвеститорскиот ден“ најмногу склучени трансакции на Берзата во 2021 година

Објавено

на

Втора година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОТОНАА откако измина последниот ден со право на дивиденда!

Објавено

на

Акциите на Комерцијална банка АД Скопје со месеци наназад важат за убедливо најатрактивните и најтргуваните акции на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец јули?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно