Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки.
Вредноста на доларот се искачи на рекордно ниво откако Белата куќа реши да ги намали шансите за слабеење на валутата, во време кога останатите моќни валути продолжија да „тонат“, а приносот на државниот трезор го допре највисокото ниво од 2008 година.
Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на американскиот долар денеска изнесува 63.3577 денари, додека пак на еврото изнесува 61.4950 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 68.7172 денари, и го продолжува надолниот тренд кој го има во последниве неколку дена.
Рекордниот пад на фунтата ги натера Министерството за финансии и Банката на Англија панично да реагираат и да се обидат да ги „смират“ пазарите.
Јапонската влада беше принудена да интервенира на девизните пазари за да го спречи падот на јенот за првпат од 1998 година.
Централната банка на Кина го соопшти рекордниот пад на јуанот во однос на американскиот долар, неколку дена откако ја зголеми задолжителната резерва за тргување со девизи, во обид да го ограничи одливот на валутите.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)
Форекс
Најмоќната берза во пад петти ден по ред

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа петти ден со ред, при што „Dow Jones” потона, бидејќи вложувачите стравуваат дека агресивното зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја турнат економијата во рецесија. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка