Connect with us

Форекс

Доларот се повеќе ја зајакнува својата вредност

Објавено

на

Доларот зајакна на азиските берзи во тргувањето со јенот, бидејќи мерките на Соединетите американски држави и другите земји за рестартирање на економијата ги поттикнаа надежите на инвеститорите за побрзо глобално закрепнување по длабоката рецесија предизвикана од корона кризата.

Британската фунта забележа мало незначително движење во однос на доларот и еврото, откако премиерот Борис Џонсон ги истакна плановите за постепено олеснување на мерките за карантин.

Доларот, во кој инвеститорите побараа посигурно засолниште за својот капитал, со оглед на неговиот статус на светска резервна валута, неодамна разви одредена позитивна поврзаност со Вол Стрит, бидејќи инвеститорите се фокусираат на приносот.

Индексите на Њујоршката берза се зголемија во петокот, пркосејќи им на мрачните бројки за една од најлошите загуби на работни места во САД во последните 90 години. Имено, во САД, 20,5 милиони луѓе ги загубија своите работни места во април, што е најголем пад на бројот на вработените за еден месец по Големата депресија, според показателите од платниот список објавен во петокот.

Доларот се зголеми за 0,28 проценти, на 106,95 јени и остана стабилен во однос на еврото на 1,0843 долари за едно евро. Според швајцарската валута, доларот се тргуваше за 0,9710 франци.

Калифорнија, Мичиген и Охајо, три важни држави за американскиот производствен сектор, преземаат чекори за рестартирање на фабриките и останатите бизниси, што го стимулира растот на расположението на пазарите.

Цените на фјучерси на валутата сугерираат дека зајакнувањето на вредноста на доларот може да продолжи.

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

Објавено

на

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно