Connect with us

Форекс

Доларот продолжи да ја зајакнува вредноста

Објавено

на

На девизните пазари, американскиот долар продолжи да ја зајакнува својата вредност во однос на останатите светски валути. Поради неизвесноста на пазарите, инвеститорите бараат посигурно засолниште за својот капитал.

Индексот на доларот, кој го следи движењето на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движеше околу 100,22 бода, за разлика од вчерашните 100,19 поени.

При тоа, курсот на американската во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 107,55 на 107,80 јени.

Доларот ослабе во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0845 долари, додека вчера изнесуваше 1.0835 долари.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно