Connect with us

Форекс

Доларот повторно паѓа, цената на нафтата расте

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на aмериканската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени, додека во текот на вчерашниот ден тој беше 90,56 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,25 на 103,60 јени.

Американската валута ослабна и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,2210 долари, додека во текот на вчерашниот ден се движеше околу 1,2150 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија дополнително по објавените податоци за поголем пад на резервите на сурова нафта во САД, што предизвикува надеж за посилна побарувачка. На американскиот пазар цената на барелот порасна 1,1 проценти, на 53,80 долари, додека на лондонскиот пазар, барелот порасна за 1,3 проценти, на 57,30 долари.

Ова се највисоките нивоа на цени од февруари минатата година.

Форекс

Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на издавачот Идевелоп АД Скопје

Објавено

на

Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!

Објавено

на

Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља е најпотценета валута во светот!?

Објавено

на

Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно